Македонскиот бенд „Балкан бенд“ синоќа во ресторан „Рагуса 360“ го промовираа најновиот спот за преработката на песната „А бре, Македонче“. Спотот го режираше Даниел Јовески, додека аранжери беа Дарко Илиевски и Дејан Момироски.
Популарниот шоумен и глумец Игор Џамбазов беше водител на промоцијата и ги забавуваше гостите, а особено атмосферата се вжешти кога членови од навивачката група „Комити“, излегоа со запалени факели додека додека се изведуваше песната излегоа со запалени факели.
„Ова е најскапиот музички проект кој се случил во Македонија во изминатите 10 години. Ова што го гледате и слушате вечерва како финален производ, го подготвувавме од 2018-та година и сме пресреќни што конечно можеме да го споделиме со вас. Горди сме што ѝ оставаме еден траен белег на Македонија“, рекоа синоќа момците од „Балкан бенд.
На промоцијата се појавија голем број познати музички имиња, водители, пејачи и инфлуенсери. Меѓу гостите беа Сузана Гавазова, Александар Тарабунов, Андреј од ДНК и други.
Преработката брзо беше прифатена од публиката. За само неколку часа беше видена од 15.000 фанови на „Јутјуб“.