Една од најубавите жени на светот, актерка Моника Белучи со појави на на премиерата на Siccita за време на 79. Меѓународен филмски фестивал во Венеција.
57 годишната италијанска актерка и модел за оваа пригода се одлучила за шик црн фустан со кој го привлече вниманието на црвениот тепих.
Креацијата ја збогатила со интересен накит и блескава чанта.
Нејзиниот изглед привлекува внимание и во шестата деценија, а Моника неодамна проговори за стареењето, велејќи дека сака да „старее мирно“ и не е опседната со одржување на фигурата.