(Фото) Наместо голи гради и секси стил, таа го носеше ова: И изгледа нереално

(Фото) Наместо голи гради и секси стил, таа го носеше ова: И изгледа нереално

пред 16 часа

Четвртата сезона од популарната серија на Нетфликс „Bridgerton“ се врати на малите екрани, а нејзините обожаватели ширум светот едвај го чекаат тој момент.

Меѓу лојалните обожаватели на серијата е и Џенифер Лопез, која во пресрет на 4-тата сезона реши да приреди вистински моден спектакл на мрежите.

На Инстаграм, каде што често „објавува“ фотографии од својот приватен и професионален живот, реши да прикаже сосема поинакво модно издание – издание на кое не сме навикнати, издание кое би им се допаднало на креаторите на серијата „Bridgerton“.

Наместо модерни, а понекогаш и провокативни тоалети, познатата Џеј Ло одлучи да носи фустан скроен за принцеза. Станува збор за модел од тил во боја на лаванда, украсен со корсет и цветни детали на дното.

За да го комплетира својот волшебен стајлинг, пејачката се одлучи за разбушавена пунџа, шминка во нежни тонови, која совршено се вклопуваше со бојата на фустанот, но и скапи обетки.

Во описот на фотографијата, таа додаде дека е возбудена поради премиерата на четвртата сезона од гореспоменатата серија, па затоа не е изненадувачки што го избрала токму овој изглед за фотосесијата.

Коментарите од обожавателите постојано пристигнуваа, а многумина велеа дека изгледа нереално.

Share
Scroll to Top