(Фото) Насмевката го замени стравот низ кој минаа: Јелена објави прва фотка со сопругот и синот

(Фото) Насмевката го замени стравот низ кој минаа: Јелена објави прва фотка со сопругот и синот

пред 3 години

Актерката Јелена Јованова по подолго време објави семејна фотка со сопругот Стјепан и синот Јаков. Сликани се во Загреб, а Јелена вели дека „токму ова што ѝ се случува сега е вистинската среќа“. Сликата на актерката со семејството дојде како вистинско освежување по стравот кој го претрпеа од серијата земјотреси што се случуваа изминатиов период во Хрватска. Тие кратко време избегаа во Сплит, па решија повторно да се вратат во Загреб, и како вели Јелена, да „научат да живеат со она што се случува“.

„За 60 секунди бев облечена и веќе надвор. Минатиот пат ми требаа 180. Напредок. Браво јас. Значи доста е. Доста. Ние, добро сме. Фала ви луѓе“, напиша Јелена која во март се соочи со иста ваква ситуација, кога Загреб го погоди силен земјотрес, а таа беше во поодмината бременост со синот Јаков.

Јелена и Стјепан се неколку години во брак. Тој е еден од најпознатите актери во Хрватска, а со Јелена се запознаа на снимањето на серијата „Тајни“. Јелена е актуелна по улогата на рецепционерката Јелена од хит-серијата „Преспав“.

Share
Scroll to Top