Сушата која ја погоди Италија е најлоша во изминатите неколку децении и доведе до тоа најголемото езеро во земјата, Гарда биде пред исчезнување.
Водостојот никогаш не бил толку низок, а посетителите деновиве можеа да видат само камења кои некогаш биле под водата.
„Дојдовме минатата година и ни се допадна. Па сега сакавме повторно да дојдеме. Пејсажот целосно е променет. Бевме шокирани кога стигнавме. Таму каде што порано имаше вода, сега ја нема“, рече една од туристите Беатрис Маси.
На северот на Италија веќе неколку месеци не бил забележан дожд, а снежните врнежи паднаа за 70%, поради што важни водени патишта се пресушени.