(Фото) Најплатената турска глумица Туба Бујукустун во љубов со фудбалер на „Фенербахче“

(Фото) Најплатената турска глумица Туба Бујукустун во љубов со фудбалер на „Фенербахче“

пред 4 години

Турската глумица Туба Бујукустун , која е најплатена во својата земја, е заљубена во поранешниот фудбалер на „Фенербахче“, Али Ѓунеш, пишуваат локалните медиуми. За нивната врска се зборува веќе некое време, откако глумицата и фудбалерот се заследија на „Инстаграм“ и си оставаат лајкови на сликите.

Али, кој настапуваше и за репрезентацијата на Турција, не сакал да коментира за наводната врска со глумицата. Туба, пак, вели дека е навикната да ја поврзуваат со секој маж со кој ќе се појави во јавноста, но не демантираше дека е во врска со фудбалерот.

Глумицата уште од почетокот на кариерата го привлекуваше вниманието на публиката и со своите улоги, но и со приватниот живот. Таа во 2017 година се разведе од актерот Онур Сајлак, по шест години брак. Со Онур има две деца. По разводот, таа почна врска со седум години помладиот Умут Евирген, но тие раскинаа неодмна, наводно затоа што таа го изневерила Умут.

 

 

 

Али Ѓунеш

Share
Scroll to Top