Холивудскиот глумец Леонардо ди Каприо е виден како се забавува со ријалити ѕвездата Арабела Чи, која има 32 години. Глумецот кој е познат по тоа што девојките му беа помлади од 25 години, овој пат го прекрши златното правило, пренесуваат медиумите.
Двајцата биле видени како крстарат на јахта по Балеарските острови. Ѕвездата од „Волкот од Волстрит“, беше лежерно облечен во бела маица и беш шроцеви, додека Арабела носеше бикини со танга со лепард принт. Друтшво им правеше и Тоби Мегваер, познатиот Спајдармен и уште неколку помлади девојки.
Леонардо ди Каприо (48) знае како да ужива. Покрај тоа што е светски познат и има слава и моќ, тој постојано е опкружен со убави и млади девојки. По капењето сите заедно отидоа на вечера во ресторан и ноќен клуб. Според светските медиуми, Леонардо планира да крстари околу осум недели.