(Фото) Пејачот Џани ја продаде викендичката од половина милион евра, која му беше изградена нелегално

(Фото) Пејачот Џани ја продаде викендичката од половина милион евра, која му беше изградена нелегално

пред 2 години

Фолк пејачот Радиша Трајковиќ Џани ја продаде викендицата од половина милион евра, покрај реката Сава. Ја продал затоа што му била изградена на диво. Вилата се очекува наскоро да биде срушена, а некои од медиумите пренесоа дека затоа што ја немал потребната дозвола, пејачот уште пред година дена успеал да ја продаде.

Неговата сопруга Слаџа рече дека вилата повеќе не е нивна, но не кажа детали на кого ја продале, ниту пак дали во меѓувреме успеале да го легализираат објектот.

„Вилата ја продадовме пред година дена. Не можам ништо повеќе да кажам“, рече Слаџа за медиумите.

Извор близок до Џани рече дека се решил да го продаде затоа што не успеал да дојде до потребната дозвола за градба.

„Повеќето од градбите покрај Сава, се нелегално изградени, а неговата вила е прикажана како пример за дивоградба. Во медиумите се пишува дека вреди 250.000 евра, но вредноста достигна и до половина милион евра, затоа што Џани вложи во неа и постојано доградуваше. Сепак кога свати дека не може да ја легализира, реши да ја продаде. Сега новиот сопственик се плаши да не му ја срушат. Но, постои надеж дека порано или подоцна сите ќе можат да си ги легализираат објектите“, рече изворот.

Папараците снимија дел од вилата од базенот, кошаркарски терен, неколку спални и купатила. Има и огромна капија и ограда која треба да штити од случајните минувачи.

Share
Scroll to Top