(Фото) Пијаните навивачи што го провоцираа Ѓоковиќ на Австралија опен се најмени хулигани

(Фото) Пијаните навивачи што го провоцираа Ѓоковиќ на Австралија опен се најмени хулигани

пред 1 година

Новак Ѓоковиќ го победи Французинот Енцо Куако со 3:1 во сетови на Австралија Опен, но сенка остави расправата на тенисерот со групата пијани навивачи на трибините.

Еден од нив постојано му дофрлаше и го провоцираше, а медиумите објавија и фотографија од маж со акредитација, кој на крај се поздрави со него. Некои од навивачите на Ѓоковиќ заговараат дека намерно се уфрлени на трибините за да го провоцираат.

„Кој е мажот со акредитација кој се поздрави со него. Оваа фотографија вреди илјада зборови. Се гледа човек со акредитација како се поздравува со еден од четворицата провокатори. Кој е тој? Зошто им честита за таквото однесување. Дали се ова најмени хулигани“, прашуваат навивачите.

По провокациите од трибините, Ѓоковиќ побара од судијата Фергусон Марфи да ги исфрли од трибините. Обезбедувањето реагираше и ги замоли да излезат, а додека си заминуваа еден од нив се поздрави со маж со акредитација.

Ѓоковиќ по мечот рече дека станува збор за изолирана група и дека повеќето навивачи покажуваат почит и мирно го следат натпреварот.

„Повеќето си платиле карта за мирно го гледаат мечот. Тоа го почитувам. Но таков е спортот, некои те поддржуваат некои не и тоа е во ред. Немам никаков проблем со тоа. Но, она со што имам е кога некои од нив ќе ја преминат границата како што беше случајс ега. Од почеток неколкумина беа под влијание на алкохол и ме провоцираа. Ги толерирав речиси два часа, иако и претходно му дадов знаци на судијата дека претеруваат“, рече Ѓоковиќ.

„Сметам дека судиите, супервизорите или кој и да е одговорен за публиката, треба да направи нешто повеќе и да очекува дека ќе се жалам за ваквкото однесување. Свесен сум дека сега во очите на некои медиуми и навивачи ќе излезам како лошиот, затоа што јас сум тој кој побара да бидат исфрлени. Но, сметам дека сето тоа е непотребно затоа што тие се тие кои нас играчите не доведуваат во позиција да мораме да реагираме. Јас реагирав по два часа. Не по 10 минути. Организаторите имаа доволно време да реагираат и да го решат проблемот. Од моја страна ги толерирав пет, шест пати, но мора да постои граница“, рече Ѓоковиќ.

 

Share
Scroll to Top