Пејачката Селена Гомез со години се бори со својата тежина, а поради својот изглед, редовно беше мета на негативни коментари, па дури и навреди, што ја натера да се чувствува лошо и да ја изгуби самодовербата. Таа отворено зборуваше за својот трнлив пат во јавноста, не криејќи дека некои од навредите многу ја повредуваат.
„Се соочив со многу проблеми со тежината во мојот живот и тоа е нешто на кое сум многу чувствителна. Навистина ме повреди некој што ми рече дека сум дебела. Зошто се појавува таа емоција?“, рече Селена, која редовно оди на терапија за да се бори со своите несигурности.
„Дефинитивно мора да бидете спремни да работите на тоа, а тоа може да биде незгодно“, рече пејачката, на која ѝ беше дијагностициран лупус во 2014 година, по што ѝ беше трансплантиран бубрег и ѝ беше дадена терапија.
Покрај тоа, пред пет години таа објави дека има биполарно растројство, како и дека се бори со депресија и анксиозност. Со јавно и искрено зборување за она низ што поминува, таа сака да ја подигне јавната свест и да испрати порака дека овие состојби никогаш не треба да бидат табу тема во 21 век, бидејќи се соочуваат со нив сè повеќе луѓе.
Селена Гомез и нејзиниот вереник Бени Бланко наскоро ќе се венчаат, а се верија една година откако се забавуваа. Тие се познаваат од 2019 година, кога работеа заедно на песната „I Can’t Get Enough“. Пејачката неодамна прослави моминска забава, а претходно изјави дека е сигурна дека сака иднина со Бени.