Актерката Џејн Сејмур во интервју за „Fox News Digital“ изјави дека конечно е среќна и дека е благодарна на луѓето што ги има во својот живот.
„Пред се, сама си ја правам косата и шминката. Сама си ја бирам облеката, разумно се хранам, никогаш не сум на луди диети и многу сум среќна. Благодарна сум што сум жива“, рече таа. „Благодарна сум што имам одлична работа, работа со луѓе што ги сакам“, додаде Џејн, позната како девојка на Бонд.
Таа истакна дека ова се нејзините најдобри години и дека ужива во животот и новите проекти.
„О Боже, дури и немам време за сè што правам во моментов, лудо е. За среќа, имам енергија за тоа. Но, едноставно сум толку благодарна, навистина сум. Никогаш не помислив дека ќе го правам тоа што го правам на оваа возраст, никогаш.“
Џејн откри и како ќе го прослави својот 75-ти роденден на 15 февруари.
„Сè уште не сум најавила роденденска забава, но дефинитивно ќе имаме голема гала вечера за Фондацијата „Отворени срца“, дводневна гала вечера, што е одлично. Што се однесува до самиот ден на мојот роденден, немам поим. Обично е дождливо, па можеби ќе направам она што го направи кралицата на Англија и едноставно ќе го прославам мојот официјален роденден на друг ден – кога сонцето сјае и сите можеме да бидеме надвор“, откри таа.






