(Фото) По гласините дека ѝ го украла, бившата на Џастин Бибер се дружеше со Хејли на гала вечер во Лос Анџелес

(Фото) По гласините дека ѝ го украла, бившата на Џастин Бибер се дружеше со Хејли на гала вечер во Лос Анџелес

пред 2 години

Бившаната девојка на Џастин Бибер, Селена Гомез и сопругата на пејачот Хејли Бибер позираа заедно на галата на музејот на Академијата во Лос Анџелес.

dobivaj vesti na viber

Фотографот Тајрел Хемптон на својот Инстаграм профил објави фотографија на која Селена и Хејли се гушкаат додека седат заедно на иста маса на настанот.

„Plot twist“, напиша фотографот во описот на објавата, а сликата која и се допадна на сегашната сопруга на Бибер за брзо време се прошири на социјалните мрежи.

Фановите го оценија овој гест како шоубиз вест на годината, а пораката беше јасна, сакаа да ги прекинат гласините дека не се во добри односи. Поточно, дека не можат да се толерираат.

Да потсетиме, имаше гласини дека Хејли го киднапирала Бибер од Селена, односно дека пејачот ја изневерил поранешната девојка со сегашната сопруга. Селена Гомез и Џастин Бибер беа во врска со години, тој започна романса со Хејли во 2016 година, а во 2018 година се верија и венчаа.

Share
Scroll to Top