Водителката Николина Пишек на социјалните мрежи објави фотографија со која најави нејзин нов прокет. Ова е прв работен ангажман на водителката по смртта на нејзиниот сопруг Видоје Ристовиќ.
„Вака одлучив од сега да се чувствувам. Знам дека ќе има подеми и падови, тешки моменти, болка, но и радост. Животот продолжува. Знам кој не би сакал да бидам заробена во тага и замка, и да и се предадам на судбината и знам кој не би сакал да замолчам. Должна сум да бидам доживотен борец за оние кои тоа го заслужуваат“, напиша Николина.
Таа додава дека ќе ги издржува ќерките и дека нема да се откаже поради нив, но и дека после долго време чувствува вратена во живот.
Хрватските медуми пишуваат дека водителката активно бара работа за повторно да се врати на водителството, бидејќи е финансиска криза по смртта на нејзиниот сопруг.
Потсетуваме, сопругот на Пишек ненадејно почина, а зад себе ја остави ќерката Уна.