Актерката Бергузар Корел по третото породување се вража во форма. Нејзиниот изгледа постојано се коментира, медиумите постојано пишуваат дали и колку ослабела, а сега и новиот имиџ стана тема за јавноста. Актерката на својот профил на „Инстаграм“ објави фотографија со нов изглед. Косата ја осветли со прамени и ги скрати шишките.
„ Повторно го направив тоа“, напиша таа, по што следеа коментари за младешки изглед. Не е прв пат актерката да ги изненади обожавателите со промена на фризурата, а најдрастично беше кога ја отсече долгата бујна коса за потребите на снимањето на последната епизода од серијата „Ти си мојата татковина“.