(Фото) По шпекулациите дека се вериле, Марија Шерифовиќ и Џејла Рамовиќ на одмор во Барселона

(Фото) По шпекулациите дека се вериле, Марија Шерифовиќ и Џејла Рамовиќ на одмор во Барселона

пред 3 години

Пејачката Марија Шерифовиќ е на одмор во Барселона со победничката на „Ѕвездите на Гранд“, Џејла Рамовиќ. Со нив е и мајката на Џејла, Едита, и покрај тоа што српските медиуми пишуваа дека родителите на Џејла се против нејзиниот близок однос со некогашната победничка на Евровизија. Марија и беше и ментор на Џејла во популарното шоу, во кое победи пред две години.

Дека се трите заедно, Шерифовиќ откри на инстаграм и објави слика на која напиша: „Честитки“.

Не е првпат победничката на „Гранд“ и нејзината менторка да отпатуваат некаде заедно на одмор. Тие често престојуваат во исти хотелски соби, по што и започнаа шпекулациите дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство и дека нивната врска е чудна за многумина.

Српските таблоиди подолго време пишуваат дека Марија и Џејла се во врска, а од неодамна шпекулираат и дека се свршени. Тие објавија дека Шерифовиќ и Рамовиќ носат идентични прстени, речиси на ист прст, и го протолкуваа како знак на свршувачка. Двете музичарки не зборуваат јавно на оваа тема, освен кога Џејла лани изјави дека таквите приказни ја повредуваат.

„Ме повредија аферите што ги спакуваа за мене и Марија. Јас сум млад човек, се разбира дека сето тоа ме допира и ме боли. Издржав сè“, рече тогаш таа.

За наводната врска зборуваше само таткото на Марија, Рајко Шерифовиќ, кој јавно ја поддржа врската помеѓу двете пејачки.

„Џејла беше на концертот на Марија во Крагуевац, таа е прекрасна девојка, ме воодушеви со нејзините манири, харизма и добрина. Тие две треба да бидат заедно, а најважно е што искрено се сакаат. Таа има сè што ќерка ми сака од партнерот. Среќна сум што ќерка ми е среќна, а во тој случај полот е најмалку важен“ рече тој, на што пејачката му замери.

Share
Scroll to Top