(Фото) Првата дама готвеше за бездомните лица

пред 4 години

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска вчера се вклучи во активноста на неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк“, па подготвуваше  храна за бездомни и социјално загрозени лица.

Храната се подготвуваше во кујната на црквата „Гласност“. Согласно со досегашната практика, оброците ќе бидат распределени во текот на претстојниот викенд, кога не функционираат народните кујни.

“Кризата којашто е последица на пандемијата на Ковид – 19, најтешко се одрази кај овие категории на ранливи граѓани. Оттука, зголемена е и потребата за топол оброк. Да бидеме хумани и солидарни, да им помагаме на оние на кои таа помош им е најпотребна. Да споделиме храна со граѓаните коишто не можат да обезбедат оброк за себе или за своето семејство“, рече Ѓоргиевска.

Додаде дека во активностите на „Ретвитни оброк“, може да се вклучи секој што смета дека може да придонесе.

 

Share
Scroll to Top