(ФОТО) Северина повторно во центарот на вниманието: Со фотографии од одмор во Пељешац ги воодушеви фановите

(ФОТО) Северина повторно во центарот на вниманието: Со фотографии од одмор во Пељешац ги воодушеви фановите

пред 20 часа

Хрватската пејачка Северина повторно ги привлече погледите на социјалните мрежи, откако објави нова серија фотографии и видео од летниот одмор во Пељешац.

Пејачката престојува во Оребиќ, од каде со своите следбеници сподели моменти од луксузниот хотел и релаксацијата покрај базенот. Објавата ја проследи со краткиот опис „Клуб 54“, алудирајќи на својата возраст, а за кратко време собра илјадници лајкови и бројни позитивни коментари.

На фотографиите Северина позира во тиркизен костим за капење, а на дел од нив носи и проѕирен мрежест фустан. Посебно внимание привлече и видеото на кое таа нурка во базенот и со насмевка излегува од водата.

Нејзините обожаватели не штедеа комплименти, истакнувајќи дека пејачката изгледа одлично и дека секоја нова објава предизвикува голем интерес. Меѓу коментарите се огласи и хрватската пејачка Ида Престер, која кратко напиша: „Чудо од природата“.

Северина и овој пат покажа дека знае како да го привлече вниманието на јавноста, а нејзините летни фотографии за кратко време станаа една од најкоментираните објави на социјалните мрежи.

Share
Scroll to Top