По драстичното слабеење, легендарната Серена Вилијамс не престанува да ја интригира јавноста со своите објави. Таа е често активна на мрежите, каде што „качува“ фотографии од нејзиниот приватен и професионален живот, а неодамна нејзините обожаватели ѝ кажаа дека личи на Барби.
Сега повторно сподели атрактивни фотографии на Инстаграм, во костим за капење кои привлекуваат погледи и воздишки. Една од најдобрите тенисерки во светот позираше во маслинесто зелен костум кој ја истакнуваше нејзината витка фигура.
На својот стајлинг додаде розова наметка и кафеави UGG влечки, а не треба да ја заборавиме и шминката во земјени тонови која го претвори сосема обичното позирање за мрежите во нешто што наликува на позирање за моден едиторијал.
„Не сум совршена, но сум совршено јас…“, напиша Серена. Набргу потоа следеше лавина од коментари, а многу обожаватели ѝ кажаа дека и овој пат изгледа нереално.





