(Фото) Сестрата на Огнен Здравковски, виолинистката Оле, се омажи на Денот на вљубените

(Фото) Сестрата на Огнен Здравковски, виолинистката Оле, се омажи на Денот на вљубените

пред 4 години

Виолинистката Оле Здравковска се омажи со своето момче Богдан Шундиќ на Денот на вљубените. Тие се венчаа пред двајца сведоци во матично, а потоа отидоа на ручек во еден скопски ресторан.

„Кажавме официјално да. Од денес госпоѓа Шулиќ“, напиша Оле.

Сликите од венчавката ги сподели и нејзиниот брат Огнен Здравковски, кој не криеше дека е среќен што таа се омажила и дека во семејството се случил убав настан, еден ипол месец откако од корона почина нивниот вујко, масестро Зоран Џорлев.

Инаку, Оле, долги години свири во Македонската филхармонија. Таа не крие дека љубовта кон виолината ја наследила од нејзиниот покоен вујко, но понекогаш знае и да запее заедно со брат ѝ и мајка ѝ Софче Џорлева.

Kazhavme DA oficijalno ❣️??? Od denes Gdja Šundić ♥️?

Posted by Ole Zdravkovska on Sunday, February 14, 2021

Share
Scroll to Top