Голманот на „Арсенал“, Дејан Илиев, се ожени со својата девојка Нина Стојменовиќ. Тој на социјалните мрежи објави слика од венчавката, а меѓу првите му честиташе легендарниот голман на „Челзи“ и „Арсенал“, Петр Чех.
Веста дека ќе се жени, 26-годишниот Дејан претходно ја објави на социјалните мрежи со слика на која Нина го покажа свршеничкиот прстен.
Дејан во „Арсенал“ дојде од „Беласица“ и првпат потпиша договор со клубот во 2012 година, кога беше втор голман на младинскиот тим. На почетокот на оваа сезона тој беше избран за втор голман на трофејниот клуб од Лондон, а потоа со позајмица неколку месеци бранеше за англискиот „Шрузбери таун“.
Дејан бранеше за Македонија на Европското првенство до 21 година што се одржа во Полска 2017 година.