(Фото) Се продава луксузниот автомобил на поранешниот либиски лидер, Моамер Гадафи

(Фото) Се продава луксузниот автомобил на поранешниот либиски лидер, Моамер Гадафи

пред 3 години

Се продава еден од најретките автомобили изработени во минатиот век, од компанијата Ksenatek, „Мајбах 57 С- купе“, и кое било специјално направено за либискиот лидер Моамер Гадафи. Истото е понудена на продажба во Холандија по цена од 1,16 милиони долари.

Гадафи го нарачал во 2010 година, а бил испорачан следната година, поради соборувањето на неговата влада. Возилото има поминато мала километража, само 2286 километри.

Од холандската автомобилска компанија Lajtner, специјализирана за производтство на егзотични возила, велат дека автомобилот има 6-литарски АМГ ве-12 турбо-мотор од 604 коњски сили, со петтостепен автоматски менувач.

Возилото е тешко шест тони и потребни се пет секунди за да достигне брзина од 100 километри на час, а направено е според истите стандарди како и автомобилите кои биле редовно произведени.

Раководителите на компанијата која го произвела на почетокот, биле убедени дека можат да продадат 100 едници за политичари, претприемачи, олигарси и други богати лица ширум светот, но Ksenatek поднесе барање за банкрот и се затвори, откако направил само осум од планираните.

Еден од главните инвеститори, компанија со седиште во Саудиска Арабија, која се нарекува „Ауто кралство“, нагло престанало да ги насочува парите во овој проект.

Share
Scroll to Top