(Фото) Се продава парче од свадбената торта на Дајана и Чарлс

(Фото) Се продава парче од свадбената торта на Дајана и Чарлс

пред 4 години

Парче од свадбената торта на принцот Чарлс и принцезата од Велс, Дајана, старо 40 години, ќе се продаде на аукција. Големото парче шлаг и марципан од една од 23 -те официјални свадбени торти содржи прелив од шеќер од кралскиот грб во златна, црвена, сина и сребрена боја.

„Изгледа дека е во иста добра состојба како кога беше првично продадена, но ве советуваме да не ја јадете“, изјавил Крис Албери, аукционер во акционерската куќа Dominic Winter Auctioneers во Глостершир.

Парчето и било дадено на Мојра Смит, еден од членовите на кралското семејство, која на денот на свадбата го прекрила со фолија. Таа го чувала во стара кутија за торти со цвеќиња, а на него залепила и рачно изработена етикета на која пишувало „Внимателно ракувај“.

Таа напишала дека тоа е дел од свадбената торта на принцот и принцезата, а потоа се поптишала  го ставила датумот.

Семејството на Мојра, во 2008 година му го продало парчето торта на еден колекционер, а сега истото повторно се најде на аукцијата, која што се совпаѓа со 40 -годишнината од кралската венчавка.

Чарлс и Дајана се венчаа на 29 јули во 1981 година во лондонската катедрала Свети Павле. Нивниот брак траеше 11 години. Тие се разделија во 1992 година, а официјално се разведоа четири години подоцна.

 

 

Share
Scroll to Top