Синот на Бурак Озџевит и Фахрие Евџан, најпознатата турска актерска двојка, на 2 години ја сними првата реклама. Каран рекламира пелени заедно со неговата мајка. Фотографијата од рекламата Фахрие ја објави на „Инстаграм“, а Бурак напиша: „Моите јагниња“.
Првата реклама на Каран им се допадна и на фановите на Неџла и Бали бег, кои коментираа дека кога ќе порасне, Каран ќе биде поголема ѕвезда од нив.