Актерката Софија Вергара доживеа вистинска трансформација за новата улога во серијата на „Нетфликс“, „Гриселда“. Таа целосно го промени имиџот за да изгледа како наркокралицата Гриселда Бланко. Фановите ѝ порачаа дека никогаш порано не изгледала толку лошо.
Вергара на снимањето носеше протетски нос, а шминкерите успеале да ја променат и нејзината брада и јаболчници. Продуцентот на серијата Ерик Њуман вели дека серијата го следи животот на злогласната Колумбијка Гриселда Бланко.
Бланко е Колумбијка која го создава еден од најуспешните наркокартели, а истовремено е позната и по тоа што е грижлива мајка. Сите шест епизоди од серијата ќе ги режира колумбискиот режисер Андрес Баиз, кој рече дека Вергара покажала исклучителен талент и го дала својот максимум.