(Фото) Со кукавички напад со ракети не се гради татковината, рече премиерот на Ирак откако преживеа атентат изведен со дрон со експлозив

(Фото) Со кукавички напад со ракети не се гради татковината, рече премиерот на Ирак откако преживеа атентат изведен со дрон со експлозив

пред 3 години

Премиерот на Ирак, Мустафа ал-Кадими, преживеа атентат изведен со дрон со експлозив. Ирачката војска денеска соопшти дека дрон натоварен со експлозив ја гаѓал неговата резиденција која се наоѓала во добро утврдената Зелена зона во Багдад.

За среќа премиерот успеал да побегне неповреден. Во соопштението е наведено дека тоа било неуспешен атентат направен над премиерот. По повод нападот се огласи и самиот Мустафа, велејќи дека е добар и апелирал на смиреност и воздржаност.

„Добро сум. Повикувам на смиреност и воздржаност од страна на сите за доброто на Ирак“, напишал тој на „Твитер“, откако и од неговата канцеларија соопштија дека ова било неуспешен атентат врз премиерот.

Нападот се случил за време на тензиите предизвикани од одбивањето на полицијата која го поддржува Иран да ги прифати резултатите од минатомесечните парламентарни избори.

Двајца ирачки претставници за странските медиуми рекоа дека седум лица вработени во обезбедувањето на премиерот се повредени во нападот со два вооружени дрона. Тие сакале да останат анонимни, затоа што не биле овластени да даваат официјални изјави.

Подоцна премиерот се огласи и на ирачката телевизија.

„Кукваички напад со ракети и дронови не ја градат татковината и не ја градат иднината“, рече тој.

Засега други детали за нападот не се наведени, а сè уште никој ја нема превземено одговорноста.

Share
Scroll to Top