(Фото) Со торта корона, Васил заразен од корона, слави роденден

(Фото) Со торта корона, Васил заразен од корона, слави роденден

пред 3 години

Пејачот Васил Гарванлиев денес полни 36 години, а роденденот го прославува сам во изолација со торта во вид на корона, оти пред неколку дена дозна дека е позитивен на Ковид-19. Од рано изутрина Васил добива бројни роденденски честитки. Ни кажа дека пријателите и фановите му порачуваат да оздрави побрзо, а многу од нив му посакаа догодина да ја претставува Македонија на Евросонг.

„Не мислев дека ќе славам роденден во време на корона со корона. Ама тоа е, здравјето на прво место, а јас ќе имам шанса да прославам понатаму. Позитивното е што ќе имам антитела и плазма, па ќе можам да донирам ако некому му треба помош. Одиме напред и нагоре“, рече Васил за „Репортер“.

Се израдувал кога мајка му му ја оставила роденденската торта во вид на Ковид-19 пред врата.

„Се видовме оддалеку. Не можам да престанам да се смеам, кога ја гледам тортава, баш ме расположи“, вели тој.

Васил ни откри и дека вирусот го поминува лесно, асимптоматски, а единствено го изгубил чувството за мирис.

„Со месеци апелирам луѓето да внимаваат, да се заштитат. Јас никаде не одам без маска, но ете, мал момент на невнимание, и сега сум дома“, ни кажа тој.

А. Јовановска

Share
Scroll to Top