(Фото) Со фотографии од детството Барак и Мишел Обама и го честитаа роденденот на нивната ќерка

(Фото) Со фотографии од детството Барак и Мишел Обама и го честитаа роденденот на нивната ќерка

пред 2 години

Малија Обама ќерката на поранешниот претседател на САД, Барак Обама наполни 24 години. Барак и Мишел споделија пораки и фотки на социјалните мрежи.

Двојката Обама станаа првпат родители во 1998 година на денот на независноста на САД. Малија Обама е постарата од двете ќерки.

„Пред 24 години, овој ден стана екстра посебен кога твојот прекрасен дух пристигна на овој свет. Многу сум горда што стана убавата, грижлива млада жена Те сакам толку, толку многу. Со љубов, твојата мајка”, стои во пораката на Мишел Обама.

Поранешниот претседател, во меѓувреме, сподели слика од двајцата кога Малија била бебе, и напиша: „Среќен роденден, Малија. Секогаш биди мое бебе. И јас секогаш ќе бидам тука да те подигнам“, напиша поранешниот претседател.

Малија дипломираше на Универзитетот Харвард минатата пролет и неодамна беше избрана од Доналд Гловер да пишува за неговата нова серија на Amazon Prime Video, Hive.

Минатиот месец, семејството Обама го прослави роденденот на нивната помлада ќерка, Саша Обама, со фотки во чест на нејзиниот 21 роденден.


Share
Scroll to Top