Георгина Родригез и Роналдо уживаат со семејството на одмор на Ибица, а папарацо-фотографите го уловија парот на нивната луксузна јахта во моменти на релаксација, сончање и капење.
Додека фудбалерот се фалеше со стомачните мускули, неговата партнерка се појави во микроцрни бикини и ги покажа своите несовршености.
Овој пат големо внимание привлече телото на Георгина. Надуван стомак, стрии и целулит.
Да потсетиме, свршеницата на Роналдо се породи на 18 април годинава. Роди девојче, кое го доби името Бела Есмералда. Георгина при породувањето го изгуби близнакот на ќерка си.