(ФОТО) Спектакл во Штип: Јован Јованов и Елвир Мекиќ го кренаа преполниот стадион на нозе

(ФОТО) Спектакл во Штип: Јован Јованов и Елвир Мекиќ го кренаа преполниот стадион на нозе

пред 12 часа

Јован Јованов и Елвир Мекиќ приредија уште една музичка вечер за паметење, овој пат пред многубројната публика на преполниот стадион во Штип.

Тандемот, кој во последниот период се истакнува со големи концерти на отворено, повторно собра илјадници посетители и создаде атмосфера исполнета со музика, енергија и емоции.

Импресивната сцена, светлосните ефекти и долгата централна писта поставена меѓу публиката дополнително придонесоа за спектаклот. Фотографиите од воздух најдобро ја прикажуваат посетеноста, со исполнети трибини и простор околу сцената.

Јованов и Мекиќ уште еднаш покажаа дека нивните заеднички настапи привлекуваат голем интерес, а штипската публика им возврати со силна поддршка и одлична атмосфера во текот на целата вечер.

По уште еден успешно реализиран концерт, музичкиот тандем продолжува да реди настапи кои долго ќе останат во сеќавањето на посетителите.

Фотографиите од стадионот сведочат за вечер исполнета со музика и публика која уживаше во концертниот спектакл.

Share
Scroll to Top