(Фото) Српската барбика го облече најкраткото мини здолниште досега, па порача: „Уживајте...“

(Фото) Српската барбика го облече најкраткото мини здолниште досега, па порача: „Уживајте…“

пред 11 часа

Наташа Беквалац секогаш наоѓа начин да ја воодушеви својата лојална публика. Неодамна издаде албум насловен „Мама“, кој брзо ја воодушеви српската јавност.

Сега пејачката го привлече вниманието на јавноста – секако, со својот беспрекорен стајлинг. Таа објави компилација од фотографии на Инстаграм, а акцентот беше ставен на нејзината огнена, малку провокативна облека.

Беквалац носеше никогаш порано виден црвен фустан украсен со предимензионирани ракави – главниот детаљ на оваа минималистичка креација.

Својот стајлинг го надополни со црвени чевли, брановидна фризура и шминка во нежни тонови што ја истакнуваа нејзината убавина. Судејќи според описот на фотографијата, фустанот беше скроен по мерките на Наташа, а за него беше задолжена нејзината сестра Кристина Беквалац.

Коментарите од нејзините бројни обожаватели постојано пристигнуваа, а повеќето од нив ѝ кажаа едно – дека таа е, навистина, една од најубавите пејачки на српската сцена!

Share
Scroll to Top