(Фото) Српската пејачка која се омажи со основачот на „Гугл“ денес дизајнира накит за славните

(Фото) Српската пејачка која се омажи со основачот на „Гугл“ денес дизајнира накит за славните

пред 3 години

Поранешната српска пејачка и манекенка, Ивана Берендика,  најпрво се омажи со основачот на „Гугл“, а потоа стана и дизајнер на накит.

Ивана Берендика беше членка на женскиот српски бенд „Моделс“ од 1997 до 1999 година, а подоцна ретко се појавуваше во медиумите..

Пејачката ја напушти Србија и се пресели во Мајами, покрај нејзиниот богат сопруг, а со тоа стана една од најбогатите Србинки, заедно со својата колешка од групата „Моделс“, Сандра Мелниченко.

  

Ивана се омажи за основачот на „Гугл“, Томас Јермолук, во 2005 година, кој е 20 години постар од неа. По венчавката, Ивана го остави микрофонот и се посвети на дизајнирање накит.

Во дизајнирењето на накит е доста успешна, а за тоа зборува и фактот што нејзините модели ги носат светски sвезди како Меган Маркл, Кајли Џенер, Ријана, Ники Минаж, Алиша Кис, Миранда Кер и многу други. Нејзината најнова колекција е со наслов „Оружје од љубов“.

 

Share
Scroll to Top