(Фото) Станија се сврши за милионер, свадбата ќе биде на Карибите

(Фото) Станија се сврши за милионер, свадбата ќе биде на Карибите

пред 9 месеци

Балканската старлета Станија Добројевиќ се свршила за милионер, а свадбата ќе ја прават на Карибите, пренесоа медиумите. Откако раскина со Марко Марковиќ, веќе неколку месеци е во врска со маж кое е по потекло од Балканот, но живее и работи во странство.

„Станија раскина со Марко со кој беше во врска од минатата година. Но, по само неколку недели падна на шармот на маж кој е од нашите краеви, но живее и работи во странство. Има 38 години како неа. Често патува во Америка на работа, каде и се запознаа. Станува збор за успешен бизнисмен. Досега не била ни приближно толку вљубена, како сега, па не ме чуди што по само неколку месеци планираат да се венчаат. Сакаат да имаат и дете“, рече блиска пријателка на Станија и додаде дека од неодамна ѝ открила дека се свршила.

„Ми рече дека биле на одмор во Лас Вегас и дека таму ја запросил. Ѝ подготвил романтична вечера на балконот од хотелот во кој престојувале каде ѝ го подарил прстенот. Сега се во Мајами и таму ќе останат до свадбата“, додаде таа.

Двајцата планираат интимна венчавка  на Карибите, а Станија веќе ги известила семејството и пријателите. Подготовките за церемонијата се веќе во тек.

Share
Scroll to Top