Тејлор Свифт стана милијардерка по рекордната турнеја

(Фото) Тејлор Свифт фрли штикла во публика, „фаќачот“ ја продава за да ја излечи братучедата од канцер

пред 6 месеци

На еден од концертите во Рио де Жанеиро, пејачката Тејлор Свифт ја скршила петицата на чизмата и фрлила дел од високата потпетица во публиката, што предизвикало хаос меѓу обожавателите.

Фелипе Конрадо бил во ВИП-ложата, па успеал да ја фати, а сега ја продава за хуманитарни цели.

– Како што следеа многумина, собираме пари за да го платиме лекувањето на мојата братучеда која боледува од рак. Ти благодарам Тејлор за овој подарок – напиша Фелипе под фотографијата која ја објави на Инстаграм.


Тој забележува дека е огромен обожавател на Тејлор Свифт, но ако некој колекционер е заинтересиран, тој ќе ја продаде петицата.

На неговата братучетка Анџела и бил дијагностициран меланом откако лекарите и извадиле бенка од десната рака.

За да спречи метастази, на Анџела ќе и требаат 12 сесии на имунотерапија со лек кој чини речиси 730 долари месечно бидејќи не е покриен од бразилскиот здравствен систем.

Share
Scroll to Top