(Фото) Том Круз на премиерата на новиот Топ Ган слета со хеликоптер

пред 3 години

Глумецот Том Круз на премиерата на новиот филм „Топ Ган“ дојде со хеликоптер. Тој сам го управуваше и слета како вистинска акциска ѕвезда од неговите филмови, пренесоа неговите пријатели. Хеликоптерот го носеше неговото и името на филмот: Том Круз, Топ ган: Маверик.

var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);

Круз носеше црно одело и авијатичарски очила. На црвениот тепих позираше со колегите Џенифер Конели и Мајлс Телер.

Многумина коментираа дека неговото лице било затегнато и дека успеал да го задржи младешкиот лик. „Се нема променето од првиот „Топ Ган“ од 1986 година“, коментираа фановите.

 

За неговиот младешкиот изглед коментираше и естетскиот хирург Најла Раџа, чии пациенти се многу познати личности.
„Изгледа се предозирал со инјекции и филери против брчки, што негативно влијае на неговиот изглед. Доколку не се разгледа внимателно структурата на лицето, можно е конечниот резултат да е искривен и неприроден“, рече таа.

За потсетување Круз доби пилотска дозвола уште пред 28 години, а со хеликоптер дојди и да го снима новотото продолжение на филмот „Невозможна мисија“ во Јужна Африка.

Share
Scroll to Top