(Фото) Турчинката Румејса Гелги е прогласена за највисоката жена во светот

(Фото) Турчинката Румејса Гелги е прогласена за највисоката жена во светот

пред 3 години

Турчинката Румејса Гелги (24) е прогласена за највисоката жена на светот. Таа со своите 215,16 сантиметри влезе во Гинесовата книга на рекорди.

Гелги има редок синдром кој го предизвикува нејзиниот раст. Таа рече дека сака да ги инспирира и другите луѓе во светот да се сакаат себе си, без разлика на нивниот изглед, пренесува „Индепендент“.

„Секој недостаток може да стане предност, затоа треба да се сакаме себе си и да ги препознаеме нашите потенцијали“, рече Гелги.

Таа еднаш го собори рекордот во 2014 година, кога беше прогласена за највисока тинејџерка во светот и од тогаш ја користи својата популарност да се бори за луѓето кои се поинкави од другите. Поради потешкотиите во движењето, Румејса често ја користи својата количка.

Највисокиот маж на светот, Султан Косен, исто така од Турција, го држи рекордот со своите 251 сантиметар од 2018 година. Претходно највисока жена на светот беше Зенг Јунилан, од Кина, која е висока 246,3 сантиметри. Таа го држеше рекордот сè до нејзината смрт во 1982 година.

 

 

Share
Scroll to Top