(Фото) Ума Турман ја пронајде љубовта за време на самоизилација

(Фото) Ума Турман ја пронајде љубовта за време на самоизилација

пред 3 години

Акетрката Ума Турман ја пронајде љубовта за време на самоизилацијата. Според „Пејџ сикс“, актерката (50) започнала врска со архитектот Питер Сабет, чијашто фирма е со седиште во Бриџхемптон.

Ѕвездата на блокбастерот „Убиј го Бил“ (Kill Bill), како што наведува порталот, се запознала со Сабет на плажа во Сег Харбор.

„Питер не знаеше дека е Ума кога за првпат ѝ се обрати. Таа шеташе на плажа и ја замоли да го гледа неговото куче додека плива,“ тврди извор за порталот.

„Ума рече океј, го пазеше неговото куче додека тој плива, а сега, неколку месеци подоцна, тие се лудо вљубени и бараат да купат куќа заедно во Хемптонс“, додаде изворот.

 

Share
Scroll to Top