(Фото) Фотографии од српски водителки завршиле на порно сајт

пред 3 години

Фотографии од познати српски водителки завршиле на порно-сајт, пренесуваат српските медиуми. Станува збор за познатите водителки, Слаѓана Томашевиќ, Снежана Дакиќ, Бојана Ристивојевиќ, Јована Јеремиќ, Маја Николиќ, Драгана Косјерин, Нина Радуловиќ и Катаринеа Шишмановиќ.

Како што пренесува „Телеграф.рс“, повикувајќи се на „Курир.рс“, водителките се шокирале кога дознале за овој случај, а надлежните институции ги превземале работите во свои раце и истрагата е во тек.

„Срамотно, бесмислено и непримерно. Сигурна сум дека надлежните институции ќе го решат овој случај и ќе ги пронајдат луѓето кои се занимаваат со овие глупости. Не ми е нималку драго ако сум се нашла на таков сајт. Не ја гледам потребата некој да ме става во таква улога“, изјавила водителката од „Белградска храника“, Слаѓана Томашевиќ.

Новата водителка на утринската програма на телевизија „Прва“, Бојана Ристивојевиќ, била изненадена кога слушнала за што се работи.

„Верувам во работата на нашите надлежни органи и дека брзо ќе се реши овој случај“, навела таа.

 

Share
Scroll to Top