(Фото) Фудбалер се ожени со судијка откако заработи црвен картон

(Фото) Фудбалер се ожени со судијка откако заработи црвен картон

пред 2 години

Во Холандија се венчаа фудбалерот Џеф Хардевелд и судијката Шона Шукрула. Двајцата се запознале на натпреварот меѓу Емен и Ајндховен, на кој Шона била една од судиите, а на истот меч Џеф заработил црвен картон.

Шона на тој натпревар била четврти судија. И двајцата потврдија дека се во врска уште пред Новата година, која ја дочекале во Рим.

Шона е една од најелитните холандски судијки и во 2019 година беше промовирана во втората категорија судии на ФИФА. Таа, исто така, стана првата девојка што судела натпревар во холандскиот фудбал во машка конкуренција.

Share
Scroll to Top