(Фото) Ѓоко Јовиќ со пријателите во Бигорски: Во манастир не се оди облечен ко за на вежбање, го искараа фановите

(Фото) Ѓоко Јовиќ со пријателите во Бигорски: Во манастир не се оди облечен ко за на вежбање, го искараа фановите

пред 3 години

Фолк-пејачот Ѓоко Јовиќ беше во Бигорскиот манастир со неколку пријатели. Тие се прошетаа низ манастирот и објавија слики на социјалните мрежи. Но, фотките ги поделија фановите на пејачот. Едни му напишаа да ужива, оти дошол на најубавото место во Македонија, но повеќето го искраа и коментираа дека и тој и пријателите дошле несоодветно облечени за во манастир.

„Тереатана ли е или манастир“, „Во манастир не се оди облечен ко за на вежбање“, „Малку аутфитот не ви е соодветен“, му напишаа фановите.

Јовиќ, кој изминатиов период повторно почна со настапите во живо, пред неколку месеци беше во центарот на вниманието. Тогаш тој на шега објави дека ќе стане овчар, оти од музика веќе не се живее.

Share
Scroll to Top