(Фото) Јавни личности, актери, музичари го славеа отварањето на Албанскиот театар

(Фото) Јавни личности, актери, музичари го славеа отварањето на Албанскиот театар

пред 3 години

Познати актери, личности од јавниот живот, музичари, вчеравечер беа на отварањето на реконструираниот Албански национален театар. Конечно, после подолго време, целосно уреден, театарот ги собра на едно место обвинителката Фатиме Фетаи, музичарот Бени Шаќири, директорката Нора Шаќири Марковиќ како и повеќе познати актери.

Истовремено театарот одбележа и 71 година од своето постоење. Отварањето беше со секвенци од преставата во која требаше да игра починатиот актер Луран Ахмети кој ја изгуби битката со короната. Таа престава требаше и да го отвори театарот, но беа прикажани само делови од неа.

До сега актерите од Албанскот театар заедно со Турската драма, играа во театарот Комедија. Од сега ќе играат во новиот реконструиран театар, каде директор е Адем Карга.

Албанскиот театар во Скопје до долгиот стаж на постење е значаен чинител на културата во Македонија. Со репертоарските поставки во текот на сите изминати години, секогаш ја потврдувал својата основна цел: да биде креатор, да го негува актерскиот и режисерскиот креативен состав, да создава свои кадри и да соработува со актери, режисери  и најбитното да има публика од најразличен национален состав.

Формиран е на 20 јануари 1950 година . Првата претстава е одиграна на 12 јуни 1950 година, “ Женидба“ од Гогољ во режија на Абедин Красниќи.

Алкесандра Георгиев

Share
Scroll to Top