Пејачката Бебе Реџа на Инстаграм објави фотографија со нејзината прабаба, направена во Гостивар, кога таа имала 4 години.
„Јас и мојата прабаба во Македонија“, напиша популарната пејачка.
Пејачката со албанско потекло е родена во Њујорк, а нејзините родители се од Дебар и Гостивар. Таа има американско и македонско државјанство и во јавноста често зборува за нејзиното потекло. Пејачката неодамна објави видео како јаде ајвар пред доделувањето на Греми наградите. Тогаш рече дека ајварот ѝ е едно од омилените јадења.