Јована Аврамовска, која е дел од тимот на популарната „Фчерашни“, стана мајка. Таа се породи со синот Илин. Името на бебето е желба на Јована и на нејзиниот сопруг Предраг со кого една година е во брак. Мајката и бебето се добро, а породувањето поминало во најдобар ред. Таа објави и фотографија од Илин и Предраг на социјалните мрежи.
За потсетување, Јована се омажи со Предраг Николовски, со кого пред да се решат за брак, беа подолго време во љубовна врска. Оние кои ги познаваат велат дека тие долго време се познавле и пред пред да ја почнат љубовта. Предраг ѝ е најголема поддршка на Јована во сè што работи, велат нивните блиски.