Вчеравечер во Театарот Комедија, Стефанија, внуката на Јулија која е ќерка на неодамна починатата Андријана игреше во преставата ,,Галеб” на Чехов. Таа ја играше улогата на Нина, а Јулија сподели неолку фотграфии.
“Стефанија оваа улога, оваа престава ја играше и ја посвети за својата мајка. Оваа улога е за Андријана, за нашиот Ангел Небесен. Благодарност и до целата екипа од претставата, за сета маестрална енергија која ја донесоа на сцената и направија незаборавно доживување“ вели Јулија. Ќерката на Андријана, е студент на ФДУ, Јулија никогаш не пропуштила досега ниту една нејзина престава.
По две години борба со ракот, неодамна почина Андријана Мициевска, ќерката на пејачката и водителка Јулија. Во 2020 година на роденденот на Андријана ѝ беше дијагностициран рак, кој метастазирал на коските и црниот дроб. По една година хемотерапии и зрачење, таа успеа да застане на нозе. Лани Јулија на роденденот на ќерка си напиша дека изминатата година направила пресврт во нивните животи. Уметници и пријатели на Андријана ги продаваа своите дела по прифатливи цени и собираа средства за нејзините понатамошни лекарски трошоци.