(Фото) Џастин Тимберлејк и Џесика Бил ја продаваат вилата во Беверли Хилс

(Фото) Џастин Тимберлејк и Џесика Бил ја продаваат вилата во Беверли Хилс

пред 3 години

Пејачот Џастин Тимберлејк и неговата сопруга, глумицата Џесика Бил ќе ја продадат својата вила во Беверли Хилс за 35 милиони долари. Пејачот вилата ја купи пред речиси две децении од глумицата Хелен Хант за 8,3 милиони долари, но, низ годините вложил многу пари.

Џастин и Џесика го реновирале целиот имот кој се простира на површина од 10,2 хектари. За модерниот ентериер ја ангажирале познатата дизајнерка Ести Стенли. Вилата има два базени, стражарска куќа, надворешен дневен престој идеален за забави и прослави, просторен тревник, спортски терен, градина и посебен пансион, пренесува „Њујоркпост“.

Share
Scroll to Top