(Фото) Џенифер Анистон навлече гнев на Твитер, миленичката на Холивуд стана бесчуствителна за фановите

(Фото) Џенифер Анистон навлече гнев на Твитер, миленичката на Холивуд стана бесчуствителна за фановите

пред 3 години

Џенифер Анистон сподели фотка од лампион на нејзината елка, на кој стои натпис „Нашата прва пандемија – 2020“, ама фановите не беа воопшто воодушевени од ова и ја нарекоа бесчувствителна.

Анистон се пофали со лампион од нејзината елка, но веројатно не ја доби очекуваната реакција.

На твитер веднаш реагираа бурно.

„Само затоа што сакате некоја славна личност, не значи дека таа не треба да преземе одговорност. Се извинувам, но многу е нечувствително да ставите лампион со натпис ’пандемија 2020‘. Многу невини животи беа изгубени поради оваа пандемија. Нема да го прославуваме ова“, напишал еден од корисниците.

„Која е причината? Покрај тоа, се однесува како да ќе имаме уште една? ’Нашата прва‘, подобро да ни биде последна“.

Share
Scroll to Top