Џесика Алба и нејзината ќерка Онор одлучија на посебен начин да ја одбележат својата блискост – со идентични тетоважи, направени непосредно пред новото поглавје во животот на 18-годишната Онор, која оваа есен се сели на другата страна од САД за да студира на Универзитетот Јеил.
Актерката (45) и Онор го посетиле познатиот тату-уметник од Лос Анџелес, Даниел Винтер, познат како Винтерстоун, кратко откако Онор го прославила својот 18-ти роденден во јуни.
Двете избрале ист мотив – око опкружено со зраци, истетовирано на зглобот.
„Заеднички тетоважи со ќерката! Каков начин да ја покажете вашата љубов преку незаборавно искуство. Спомен што ќе го делат засекогаш“, напиша Винтер на Инстаграм.
Онор подоцна ја покажа тетоважата на фотографија на која се држи за рака со својата мајка додека се возат во автомобил.
Тетоважите доаѓаат непосредно пред голема промена за семејството, бидејќи Онор оваа есен ќе започне со студии на Универзитетот Јеил во Њу Хејвен, Конектикат, каде што ќе студира англиски јазик и филм.
По повод нејзиниот 18-ти роденден во јуни, Џесика Алба објави и емотивна порака на Инстаграм, во која зборуваше за нивната врска и за возбудата поради новото поглавје што ја очекува нејзината ќерка.
„Среќен 18-ти роденден на мојата Онор. Моето слатко девојче, моето брилијантно девојче, мојата светлина“, напиша актерката.
Таа додаде дека кога ќе погледне наназад кон изминатите 18 години, може да каже дека тоа биле едни од најдлабоките искуства во нејзиниот живот.
„Ми го отвори срцето и ми покажа димензии на љубов за кои никогаш не знаев дека постојат“, напиша Алба.
Џесика и нејзиниот поранешен сопруг Кеш Ворен, покрај Онор, имаат уште две деца – ќерката Хејвен (14) и синот Хејс (8).
И Ворен емотивно го одбележа дипломирањето на Онор и нејзиниот прием на Јеил, што за него има посебно значење бидејќи и самиот студирал на истиот универзитет.
„Немаш поим колку ми значи да те гледам како го следиш мојот пат кон Јеил“, напиша тој на Инстаграм.
Тој додаде дека Онор, иако има само 18 години, веќе започнала да создава сопствено наследство во семејството.
„Немам поим што носи иднината, но едвај чекам да ја гледам твојата приказна. Веќе купувам пуканки и ќе бидам во првиот ред, навивајќи за тебе“, порача Ворен.
Кеш Ворен и Џесика Алба беа во брак 16 години, пред да се разделат во јануари 2025 година. Нивниот развод беше финализиран во март 2026 година.
Во меѓувреме, актерката од мај 2025 година се поврзува со актерот Дени Рамирез, а двајцата ја потврдија врската во ноември истата година, кога заедно се појавија на галата Baby2Baby во Лос Анџелес.
За Џесика и Онор, пак, идентичните тетоважи остануваат симболичен спомен на нивната блискост токму во моментот кога ќерката тргнува во нова животна фаза далеку од домот.






