(Фото) Џеј Ло никогаш не била посекси: Сите го сакаат нејзиниот фустан

(Фото) Џеј Ло никогаш не била посекси: Сите го сакаат нејзиниот фустан

пред 13 часа

Џенифер Лопез го заврши својот музички спектакл „Up All Night“ во Лас Вегас со стил на 28 март, во низа жешки комбинации кои многумина ги оставија без зборови. По последното шоу, пејачката одлучи да ја „затвори“ вечерта со елегантен црн фустан кој ја истакна нејзината завидна фигура.

Станува збор за креација која ја следи линијата на телото и ги нагласува сите негови облини. Не треба да се изостави отворениот грб, кој беше впечатлив дел од креацијата, ниту пак пердувестите ракави кои му даваа на целиот стајлинг секси нота.

Таа го комплетираше аутфитот со висока пунџа, впечатлива шминка, но и изглед на вистинска заводничка. Фотографиите ги објави на својот Инстаграм профил, а нејзините бројни обожаватели напишаа пофалби.

„Прекрасна си“, „Те сакаме, фустанот е толку секси“, „Премногу си убава“, се само дел од коментарите…

Share
Scroll to Top