(Фото) Џоли на премиера дојде со сите ќерки кои носеа нејзини стари парчиња облека

(Фото) Џоли на премиера дојде со сите ќерки кои носеа нејзини стари парчиња облека

пред 3 години

Во Лос Анџелес се одржа премиерата на филмот на “Етерналс“, на режисерката Клои Жао, а на промоцијата се појавија голем број познати холивудски ѕвезди. Меѓу нив беше и Анџелина Џоли која дојде своите деца. На црвениот тепих Џоли ја придружуваа 20 годишниот Медокс, 16 годишната Захара, 15 годишната Шајло и 13 годишните близнаци Вивиен и Нокс. Беа присутни сите, освен нејзиниот син Пакс.

Внимание привлече и Захара која се појави во фустанот кој  кој Џоли го носеше на доделувањето на Оскарите во 2014 година.

„Моите деца носат мои стари парчиња облека“, рече Џоли, која пак носеше фустан од брендот Balmain. Освен модната креација, најмногу внимание привлече нејзиниот необичен накит на лицето, пирс на долната уста

За потсетување, филмот „Етерналс“ ја открива приказната за бесмртната вонземјанска раса во тајност живее на Земјата веќе илјада години. Секој од нив има различна моќ. Покрај Хаек и Џоли, во филмот уште глумат и Гема Чан, Ричард Маден и Кит Харингтон. Филмот премиерно ќе се појави во кината на 5 ноември оваа година.

 

Share
Scroll to Top