(Фото) 11 примери дека Швеѓаните се на некое сосема друго ниво од животот

(Фото) 11 примери дека Швеѓаните се на некое сосема друго ниво од животот

пред 3 години

Во оваа земја, полна со богата историја, владее ведрината, убавиот живот и редот буквално за се. Овде се е добро смислено и направено со цел поудобен живот не само за луѓето туку и за животните, но и за самата природа.

 

 

Од Пипи Долгиот Чорап до ИКЕА и пошироко, Шведска е позната по многу нешта, како и по популарниот Волвозадолжителната пауза за кафе, шест-часовното работно време и избалансираниот живот за секој граѓанин.

Овие фотографии покажуваат како Швеѓаните го замислуваат удобниот живот кој навистина се разликува од животот на луѓето во другите држави од светот.

За Шведска се вели дека е земјата на задоволството, во секоја сфера од животот.

1. Во метрото се наоѓа посебна плоча на која е напишано името на уметеникот, асистентот и титулата.

2. Овој сообраќаен знак ги предупредува возачите во Стокхолм во Шведска дека можат да наидат на пешаци кои „висат“ на мобилните телефони.

3. Оваа шведска продавница за мебел има тоалет за деца со мала влезна врата.

4. Овој национален парк во Шведска одбил да ги исече дрвјата за да се изгради дрвен мост, па така низ мостот сега поминуваат и нивните стебла, а луѓето можат да пешачат околу нив.

5. Оваа мала и интересна продавница за глувци се наоѓа во градот Лунд.

6. ЛЕД рачките на вратите од јавните тоалети во Шведска ја менуваат бојата во зависност од тоа дали тоалетот е зафатен или слободен.

7. Во шведскиот музеј (кој се наоѓа буквално во пустелија) има клупи за седење кои безжично ќе го наполнат вашиот телефон и ќе ви овозможат бесплатно Wi-Fi.

8. Во Шведска дрвјата можат да ви испратат порака кога им е потребна вода со помош на вградениот сензор за влага.

9. Количките за пазарење имаат вградени метални плочки со цел да спречат количката „да полета“ низ ескалаторот.

10. Местата под мостовите во Стокхолм не се запуштени, туку се урбано уредени средини за секојдневно уживање и активности.

11. Внатрешноста на јавните тоалети во Стокхолм навистина ќе ве изненади, а вие со задоволство ќе сакате да ги посетите повторно.

 

Share
Scroll to Top