(Фото) Oлимпискиот факел во Токио ќе го носи и најстарата жена на светот 

(Фото) Oлимпискиот факел во Токио ќе го носи и најстарата жена на светот 

пред 3 години

 

Најстарата личност на светот, Кане Танака, која има 118 години и двапати преживеала рак, две глобални пандемии и обожава газирани пијалоци, ќе го носи олимпискиот оган кога ќе помине низ Шимеи, во префектурата Фукуока каде што живее.

Семејството на Танака ќе и помогне да помине поголем дел од 100-те метри во инвалидска количка, но таа е решена да ги помине последните неколку скалила самостојно, притоа носејќи го факелот до следниот тркач, објави Си-Ен-Ен.

Танака за роденденот во јануари за настанот доби неколку нови патики, од своето семејство.

„Одлично е што таа ја достигна таа возраст и сè уште може да води активен животен стил, ние сакаме другите луѓе да го видат тоа и да се чувствуваат инспирирано, да не мислат дека возраста е пречка“, рече нејзиниот внук, Еиџи Танака, кој има 60 години.

Меѓу најстарите рекордери кои ги носеле олимписки факели досега се Аида Геманкве од Бразил, која го запали факелот на Летните игри 2016 во Рио на 106 години и пингпонгарот Александар Каптаренко, кој трчаше со факелот на Зимските игри во Сочи во 2014 година на возраст од 101 година.

Share
Scroll to Top